Градоначалниче (кој и да си) вакви машини ни требаат во Македонија ... многу
Објавено на

Видеово е огавно гнасно и прекрасно во исто време, трае 19 минути и го изгледавме во еден здив, ... прекрасно. Просто да помислиш дека онаа гнасотија од земја која нашион Аце запнал да ја освои има надеж да стане убаво и чисто место.
 

Мубаетот ми е дека оваа машина е мојот wall-e, ова е машината која може да се снајде со нашиот простачки табиет да валкаме насекаде, само ваква правосмукалка на 4 тркала може да зачисти конечно.

Коце И ОСТАНАТИ ОПШТИНСКИ КМЕТОВИ, доста со оние "балерини" кои повеќе дигаат прашина, купете вакови мадерфакери. Пола град ко зашеметени да идеме по него исто како браќава наши насушни на видеото.

КУПЕТЕ ВАКВИ МАШИНИ, НЕ Е САМО ЗА СКОПЈЕ ПОТРЕБНО - ВО ЦЕЛА ЗЕМЈА И СЕКОЈ ГРАД ТРЕБА ДА ИМА, НАЈМАЛКУ ПО ЕДНА!!!

ps - немачка направија

ппс фала на оффетовци што ја најдоа




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани