Колку паднаа акциитеАкциите на Најк затворија на околу 38,40 долари на 4 септември 2026. Тоа е најниско ниво во околу 12 години. Во однос на врвот од ноември 2021 година (околу 162 долари), падот е близу 76 проценти за пет години. Пазарната вредност на компанијата се намали за околу 230 милијарди долари.Оваа бројка е главната причина за исклучувањето. S&P 100 не е награда за бренд или историја, туку механички индекс што ги вклучува најголемите компании. Кога пазарната капитализација паѓа доволно, компанијата едноставно повеќе не влегува во критериумите.Зошто падна вредностаСекако дека има деловни анализи но најбитно е престанаа да продаваат патики и почнаа да солат памет, држат лекции за џендер политика и лгбт и си ги избркаа муштериите - кратко и јасно!!!
Покрај бројките, многу коментатори ја поврзуваат кризата и со маркетинг-стратегијата од последните години. Кампањите со Колин Каперник (2018), партнерството со Дилан Малвени и други политички или културни пораки предизвикаа реакција кај дел од традиционалните клиенти. Критичарите велат дека компанијата повеќе се занимаваше со пораки отколку со производи. Поддржувачите тврдат дека тоа беше обид да се привлечат помлади генерации и дека падот е резултат на пошироки пазарни фактори, а не само на реклами.Реалноста веројатно е мешавина. Индексот не ги казнува компаниите поради идеологија. Ги казнува кога бројките повеќе не ги оправдуваат. Но брендот што долго време се продаваше како симбол на победа и спорт сега се соочува со прашањето дали ја загубил врската со дел од купувачите што го направија голем.
Да повториме ВОУК ВОУК ВОУК - ГО ВОУК ГО БРОУК
Најк не падна затоа што „пазарот е сложен“. Падна затоа што престана да продава чевли и почна да држи лекции.
Од 2021 до сега акцијата се урниса близу 76 проценти. Од околу 162 долари на 38. Пазарна вредност избришана за околу 230 милијарди долари. По 18 години во S&P 100, индексот ги фрла надвор. Не како казна за политика. Како казна за бројки. Кога капитализацијата паѓа толку длабоко, индексот повеќе не те држи. Тоа е крајот на приказната за „иконичен бренд“.Приходите застанаа. Маржите се стеснија. Кина, која требаше да го носи растот, стана дупка. Конкуренцијата им ги земаше чевлите за трчање и секојдневната облека. Тоа се фактите. Но фактите не се случија во вакуум.
Компанијата години наред избираше кампањи што дел од клиентите ги доживеаја како предавство на брендот. Каперник. Пораки по Џорџ Флојд. Партнерство со Дилан Малвени. Реклами што зборуваат повеќе за морал отколку за производ. Потоа уште една Super Bowl кампања што требаше да ги смири сите и не смири никого. Кога брендот почнува да ти кажува што да мислиш, дел од луѓето престануваат да купуваат. Тоа не е теорија. Тоа е однесување на потрошувачот.
Можеш да кажеш дека имало и лош инвентар, слаба иновација, прескапи чевли, слаб одговор на Hoka и On. Тоа е точно. Но тие работи се случуваат кај многу компании. Кај Најк се случија заедно со свесен зафат брендот да стане политичка платформа. Резултатот е ист: луѓето што некогаш ги носеа Swoosh-от без размислување почнаа да размислуваат. А пазарот тоа го наплати со години, не со еден твит.S&P 100 не ги брка компаниите поради идеологија. Ги брка кога повеќе не се доволно големи. Најк стана недоволно голем затоа што престана да биде она што го правеше голем: машина за желба, статус и спорт. Кога ќе го замениш тоа со проповед, остануваш со проповед и со акција од 38 долари.