Од ФОРД, до ДАТА-Центрите - статус на Виктор Трифуновски
Пред околу 120 години Хенри Форд создаде автомобил достапен за секој човек. Воведувајки ја фабричката лента на Хајнц, струјата на Тесла и специјализираните алати, Форд успеа да произведува по 200 автомобили дневно, во веме кога Кадилак и Понтијак правеле во 50 годишно. Уште еднаш се докажа дека масовното производство, комбинирано со технолошкиот напредок, создава евтин производ достапен за обичниот човек. Цената на автомобилот од $3.000 во 1905, паѓа на $900 во 1908 година.
Но ФОРД не беше сам, производителот на железнички вагони Вилијам Дурант ја препознава перспективата на автомобилската индустрија, и купува неколку помали погони во Детроит: Кадилак, Олдс Мобил, Понтијак, ги обединува во GENERAL MOTORS. Од Швајцарија го повикува (поточно го купува) еден од најдобрите индустриски дизајнери во тоа време Louis Chevrolett.
И додека ФОРД масовно продава евтини автомобили, но само во една боја (Црна) и тоа со мотори кои се палат со курбла, Дурант и Шевролет прават исто евтини автомобили, но воведуваат палење со клуч и боја по избор.
Големиот финансиски магнат Морган, го препознава напредокот и можностите на новата индустрија, па се вклучува финансирајки ги браќата DODGE, и побунетиот менаџер на GENERAL MOTORS Валтер Крајслер, отворајки нови погони за производство на автомобили. Но за да го убедат Морган дека ќе бидат конкурентни на пазарот, ДОЏ и КРАЈСЛЕР морале да промовираат иновации кои ги немаат ФОРД и ЏЕНЕРАЛ МОТОРС.
ДОЏ ја промовира челичната шасија и комплетно затворената кабина, додека КРАЈСЛЕР ги промовира хидрауличните кочници. На тој начин конкуренцијата се зголемува, се подигнува квалитетот, додека цената паѓа на $800 за еден автомобил. Капитализмот и трката по профит се единствените кои можат да создадат толку брз технолошки и економски напредок.
Некоја деценија подоцна, во СССР, полит-бирото одлучува да го копира ФОРД, но во услови на Социјализам, во економија која е превртена НАОПАЧКИ, спротивна на Капитализмот. Наместо приватни инвеститори кои гледаат конкуренција еден во друг, па се натпреваруваат во квалитет и цена пред потрошувачите, инвеститор е државата без било каква конкуренција. Кога нема конкуренција, кога ПЛАНСКАТА ЕКОНОМИЈА гарантира сигурен пласман, зошто некој би се трудел да иновира и да го унапредува производството?
Наместо да им служи на потрошувачите на пазарот, автомобилските фабрики во СССР биле отворани да и служат на „Работничката Класа“.
Затоа автомобилите произведени во Источниот Блок беа карикатура на автомобилскаата индустрија на Запад. Не дека луѓето на Исток се глупи или мрзливи, туку го немаа пазарниот систем на конкуренција, кој во капитализмот може да ви донесе милијарди, но и да ве банкротира доколку работите лошо.
И сега доаѓаме до 21 век и ДАТА ЦЕНТРИТЕ како најмодерен технолошки и финансиски феномен. На Запад нив ги прават приватните инвеститори кои се борат за профит, но и во меѓусебна конкуренција. На Балканот слушам се заговараат идеи како оние од СССР со ФОРД. Државата, која неможе да се справи со смет и кучиња скитници, сега требала да гради Дата Центри, и тоа во нив да вработи што повеќе луѓе, плус да пази на животна средина. Значи во најдобар случај, Балканот може да поризведува Москвич, Лада или Запарожец, само во секторот AI/Дата Центри.
П.С: Не ми ја спомувајте денешна Кина како репер за производство на автомобили. Од две причини:
1. Автомобилската индустрија во Кина е 100% во рацете на приватни инвеститори, МИЛИЈАРДЕРИ, кои се борат во немилосрдна конкуренција, прво меѓу себе, второ со оние од Запад.
2. Точка 1 докажува (по незнам кој пат) дека во Кина владее најжестока борба во однос на конкуренцијата, а во правец на профит. Значи капитализам, и тоа на стероиди.
текстот е преземен од негова објава на фејзбук, ова е линкот до статусот
https://www.facebook.com/share/p/1aabY34rfD/