ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ
  Објавено на
share

 ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН  РАБОТОДАВЕЦ 

 

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ втора година по ред е прогласена за
најпосакуван работодавец на манифестацијата „Работодавач на година“ во категоријата
приватни болници.
 
Пред повеќе од 300 присутни македонски и странски компании им се оддаде признание
на најуспешните работодавци во 2023 година, кои со своите огласи за вработување
предизвикале најголем интерес на овој сајт.
 
Манифестацијата „Работодавач на годината“ е во организација на првиот сајт за огласи за
работни места во земјава Vrabotuvanje.com.
 
Во име на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, наградата ја прими Марија
Капетановска – директор за човечки ресурси. Зад брендот „Аџибадем Систина“ веќе 14 години стојат големи достигнувања и успеси, пионерски интервенции, успешни стории, врвен медицински тим и најсовремена опрема во земјава и регионот. Во болницата досега се изведени повеќе од 170 000 хируршки интервенции, 1 700 000 амбулантски услуги, како и импозантна бројка од над 1 милион регистрирани пациенти. Благодарение на стручноста на тимот и најсовремените услови за здравствена грижа, „Аџибадем Систина“ продолжува да биде првиот избор на пациентите од земјава и регионот. Во болницата работи тим од над 210 врвни специjалисти од сите области и повеќе од 400 медицински сестри, а нивната експертиза надополнета со најсовремена медицинска опрема го дава најдобриот третман за секој пациент. 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани