ДЕБЕЛИНАТА ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕНА КАЈ ВОЗРАСНИТЕ, А ЧЕТИРИКРАТНО КАЈ ДЕЦАТА И АДОЛЕЦЕНТИТЕ
  Објавено на
share

ДЕБЕЛИНАТА  ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕНА КАЈ ВОЗРАСНИТЕ, А ЧЕТИРИКРАТНО КАЈ ДЕЦАТА И АДОЛЕЦЕНТИТЕ

 

Дебелината претставува сериозна медицинска состојба придружена со многу здравствени компликации. Но и покрај сите статии, предупредувања и пораки од страна на лекарите, стапката на дебелината низ светот продолжува да расте. Д-р Надица Божиновска-Димова, специјалист по ендокринологија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ објаснува дека последната студија објавена на оваа тема во реномираното медициско списание „Лансет“ укажува на тоа дека од 1990-та година до 2022-ра година обезноста е дуплирана кај возраснтите, а дури четирикратно е зголемена кај децата и адолесцентите. Во моментот во светот повеќе од 1 милјарда луѓе живеат со дебелина.

„Нашата држава за жал го следи овој тренд. Според последните официјални податоци има сериозен пораст на дебелината во секоја возраст. Од Институтот за Јавно Здравје (ИЈЗ) велат кај возрасната популација дури 28.4% од возрасните се обезни. И додека е ова навистина голема бројка за мала држава како нашата, уште пострашни се бројките кај детската популација. Според ИЈЗ над 30% од децата од 6 до 9 години имаат зголемена телесна тежина, а дури 13,8% од нив се со екстремна дебелина. Повеќето од овие деца живеат во урбани средини, каде физичката активност е реткост, а исхраната се состои од преработени и енергетски богати оброци. Односно децата внесуваат калории кои не ги трошат“- објаснува д-р Димова.

Овие факти и екстремни бројки кои треба и не загрижуваат. Потребно е здравствено, социјално и општествено решение, затоа што дебелината и нејзиниот третман и превенција се комплексни.

„AS SLIM BODY CENTER“ МЕДИЦИНСКИ ТРЕТМАН ЗА ЗДРАВО СЛАБЕЕЊЕ

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ функционира центар за третман на дебелина “A/S Slim Body Center”, кој се темели на мултидисциплинарност и соработка помеѓу одделите. Овој нов концепт вклучува детално обработен, медицински и синхронизиран третман за пациентите што имаат проблеми со телесната тежина. Она што не прави уникатни е тоа што не правиме дискриминација во однос на возраста, во “Slim Body Center” се вклучени педијатри кои се грижат за децата, како и интернисти и хирурзи за адултната популација. Клучните предности се што во центарот, првпат во државата, се нуди можност за евалуација на пациентите, по што почнува и третманот на дебелината, а концептот е применлив во која било возраст, од деца па сn4; до возрасни луѓе што имаат проблеми со зголемената тежина. Се работи за медицина базирана на докази, односно опфатени се сите медицински аспекти на дебелината и нејзиниот третман, како и третманот на потенцијалните компликации. Целта е, секако, да се постигне здрава тежина, но и да се превенираат компликациите од дебелината, односно навреме да се увидат ризиците и соодветно да се постапи кон нив.

СЕКОЕ ТРЕТО ДЕТЕ ИМА ПРОБЛЕМ СО ДЕБЕЛИНАТА

Проблемот со дебелината кај децата, која со модерниот и брз начин на живот прераснува во епидемија, е предизвик и за докторите и за родителите. Вишокот килограми кај децата доведува до намалување на квалитетот на живот, а со самото тоа и до појава на многу здравствени ризици, објаснува д-р Наташа Чучкова-Никчевска, специјалист по педијатрија.

Во A/S Slim Body Center“ со мултидисциплинарен пристап, се третира дебелината кај децата. Концепцијата за третманот на дебелина кај најмалите пациенти се состои од индивидуален пристап кон секое дете. Прво се започнува со преглед кај гастро-ентерохепатолог, кој ја прави првичната проценка, а продолжува со ехо на абдомен, педијатриски кардиолошки преглед и соодветни лабораториски анализи. Во текот на следењето на децата се вклучуваат и нутриционистичка проценка и изработка на детален план за исхрана и третман.

„Кај децата што имаат проблем со вишокот килограми, докторите препорачуваат и редовна физичка активност. Затоа ние во концептот вклучивме и фитнес-тренери кои подготвуваат план соодветен за возраста на детето“, објаснува д-р Чучкова-Никчевска.

Во зависност од потребата, во третманот понатаму може да се вклучат и дополнителни специјалисти како ендокринолог, ортопед, психијатар и сл.

 

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани