30% ПОПУСТ НА СИТЕ ЛАСЕРСКИ ТРЕТМАНИ ДО КРАЈОТ НА МАРТ ЗАПРЕТЕ ГО ПРОЦЕСОТ НА СТАРЕЕЊЕ НА ВАШАТА КОЖА
  Објавено на
share

 30% ПОПУСТ НА СИТЕ ЛАСЕРСКИ ТРЕТМАНИ ДО КРАЈОТ НА МАРТ

ЗАПРЕТЕ ГО ПРОЦЕСОТ НА СТАРЕЕЊЕ НА ВАШАТА КОЖА

 
Со текот на времето, нашата кожа поминува низ различни процеси. Стареењето на кожата е предизвикано од внатрешни и надворешни влијанија, а врз некои промени можеме да дејствуваме превентивно. Благодарение на најсовремените дерматолошки ласери, успешно сетретираат сите проблеми и недостатоци на кожата.
 
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се достапни третмани за подмладување,
затегнување и зацврстување на кожата, третман на брчки, акни, стрии, црвенила и
пигментации на кожата, а по третманот, кожата изгледа сјајна и мазна со долготраен ефект.
„Постојат многу различни типови ласери, кои се користат за козметички цели, но сите тие
спаѓаат во две главни категории: аблативни и неаблативни ласери. При третман со
аблативните ласери се отстранува горниот слој на кожата и потребни се неколку недели за таа
да се регенерира. При естетски третман на кожата со неаблативни ласери, нејзината површинаостанува недопрена, бидејќи тие дејствуваат под површината на кожата и кожата бргу сеобновува. Со овие третмани се решаваат проблеми со хиперпигментација, старечки дамки, аособено се ефикасни во третман на проширени вени, фините линии и брчките и отстранувањена несаканите влакна“, вели проф. д-р Андреј Петров, дерматовенеролог.
 
ЛАСЕРСКИ ТРЕТМАН ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ
 
Со фракцискиот еCО2-ласер може да се третира кој било дел од телото. Фракциски eC02-ласере најсовремена технологија за подмладување и третман на недостатоците на кожата. Влијаеврз отстранување на брчките, фините кожни линии, го подобрува изгледот на кожата,
текстурата на кожата, ги затвора проширените пори и влијае врз затегнување и зацврстување
на кожата. Дава извонредни резултати во третманот на стрии, сирингоми, бенки и вирусни
израстоци.
 
СОЗДАВАЊЕ НОВ КОЛАГЕН
 
По 48 часа од третманот, комплетен е процесот на обновување на површниот слој на кожата
(реепителизација). Растот на нов колаген континуирано ја подобрува кожата во следните 3-6
месеци.
„Ласерот прави невидливи оштетувања на кожата, при што направените оштетувања
продираат до долните слоеви на кожата и го стимулираат здравото ткиво во продукцијата на
нов колаген. Понекогаш е доволна само една сеанса за да се добијат видливи резултати.
Процесот на заздравување по третманот е многу брз. Кожата станува мека и мазна, добива новсјај и младешки изглед“, објаснува д-р Петров.
 
ТРЕТМАН НА АКНИ И ЛУЗНИ ОД АКНИ
 
Не постои волшебно стапче за решавање на проблемот со акните и лузните од акни, но д-р
Петров вели дека третманот со еCО2-ласерот е особено ефикасен кај сите видови лузни, меѓу
кои и лузните од акни. Благодарение на иновативната ласерска технологија, проблемот може
да се реши со упорност, соодветна нега и третмани.
„Јаглерод диоксидните ласерски системи претставуваат златен стандард во третманот на
одредени кожни болести, како што се, на пример, лузните од акни. Аблативните фракциски
ласери предизвикуваат одлични резултати и го скратуваат времето за заздравување преку
намалување на компликациите, споредено со другите ласерски системи. Третманот на акни и
лузни од акни со ласерска технологија започнува со детален преглед од страна на
дерматовенеролог, кој ќе ја процени состојбата на кожа на пациентот и ќе креира план за
третман, со цел да се постигнат посакуваните резултати во најкус можен рок“, објаснува д-р
Петров.
 
НЕМА НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ
 
Она што е особено важно е што за време на третманот нема термална траума на ткивото.
Намалени се несаканите ефекти, како што се ризикот од депигментација и лузни, долготрајно
црвенило по третманот и потребата да се избегнува изложување на сонце подолг период, a
процесот на заздравување по третманот е многу брз.
 
СТРУЧЕН НАДЗОР ОД ВРВНИ СПЕЦИЈАЛИСТИ
 
Целокупниот тим во Центарот за перфекција е едуциран за работа со ласер во светски
реномирани медицински центри. Секој пациент добива индивидуален план за третман под
надзор на стручно лице. Ваквиот пристап овозможува безбедност и ефикасност, како и заштитаод појава на компликации и несакани ефекти. Проф. д-р Петров вели дека од голема важност е ласерските третмани да бидат изведени во релевантен медицински центар, бидејќи секое нестручно работење со ласер и работа во некомплетни услови можат да предизвикаат
сериозни последици по вашето здравје.
Центарот за перфекција во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со палета на
ласери за различни дерматолошки состојби и естетски проблеми. Располагаме со фракциски
јаглерод диоксиден ласер, кој е златен стандард за подмладување и третман на лузни од акни, но и за мали оперативни зафати на израстоци на кожата, понатаму Er-YAG ласер за оперативни и естетски зафати на кожата, третмани на васкуларни проблеми на кожата со Nd YAG ласер –отстранување на хемангиоми и капилари на кожата, диоден ласер и александрит ласер затретман на зголемена влакнавост и нокти. Центарот за перфекција нуди и трајно решение занесаканите влакна со најсовремениот ласер за епилација. Просечен број третмани за ласерскаепилација се 6 сесии.
 
30% ПОПУСТ НА СИТЕ ЛАСЕРСКИ ТРЕТМАНИ ДО КРАЈОТ НА МАРТ
 
До крајот на март сите ласерски третмани на Одделот за дерматовенерологија во Клиничката
болница „Аџибадем Систина“ ќе бидат намалени за 30%. За резервација на термин за
консултација и преглед, потребно е да се јавите на 02 3099 500.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани