ПО ФРАНЦИЈА, АВСТРИЈА, БЕЛГИЈА И ДАНСКА ЗАБРАНИ БУРКИ
  Објавено на
share

 

И ДАНСКА ЗАБРАНИ БУРКИ

Данска им се придружи на Франција, Австрија и Белгија и донесе закон во кој се забранува целосно покривање на лицата. Освен кога ептен студи или се носи кацига за мотор.испрати на пријател

 

Со 75 гласа за, 30 против и 74 пратеници кои апстинирале од гласање, данскиот парламент го донесе таканаречениот закон за бурки предложен од владеачката централно-десничарска коалиција.

Казната е 113 евра а за повторување на делото стигнува и преку 1.000 евра. Во претходната верзија на законот се предвидуваше и затворска казна за упорно непослушните но тој амандман во меѓувреме отпадна.

Владиното мнозинство вели дека ваквиот закон не е насочен кон ниедна религија и дека има чисто граѓански (безбедносни и сл) мотиви. Законот не опфаќа носење шамии, турбани, еврејски и други кечиња и слични верски модни детали. 

Противниците на законот сметаат дека се работи за кршење на основните човекови права и дека жените треба да се облекуваат како што сакаат во согласност со својот идентитет и убедувања. Муслиманското лоби вели дека ваков закон ќе доведе само до понатамошно отуѓување на муслиманите во Данска бидејќи е очигледно дека овој закон е насочен кон нив и нивната култура.

Законот им остава на полицајците здраворазумски да проценуваат кога се работи за кршење на законот а кога за нешто друго (кловнови и други намери), а признава и покривање на лицето кога е екстремно студено или пак тоа е задолжително заради други закони (швајцување, возење мотор).

Данскиот премиер Ларс Леке Расмусен уште во 2010 година изјави:

„Бурката и никабот немаат место во данското општество. Тие симболизираат еден концепт на жена и на хуманост на кој ние суштински му се спротивтавуваме и против кој се бориме во данското општество“.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани