Запалено американското знаме во Атина поради бомбардирањето на Сирија
  Објавено на
share

 

 

 

Неколку илјади луѓе денеска протестираа во центарот на Атина поради воздушните напади на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија.

Грчката полиција соопшти дека на протестот во организација на Комунистичка партија на Грција, учествувале од 6.000 до 7.000 луѓе.

Демонстрантите се собраа на атинскиот централен Плоштад Синтагма, а потоа се упатија кон Американската амбасада, носејќи транспаренти и извикувајќи пароли против САД, а запалија и американското знаме. Пред Амбасадата на САД со црвена боја напишаа „Американци, убијци на луѓе“, но не успеаа да фрлат боја во дворот на Амбасадата. Полицијата со возила го заштити влезот на Амбасадата.

Протестот заврши без инциденти.

Врз Сирија синоќа беа истрелани повеќе од сто ракети како одговор на наводниот напад хемиско оружје во Дума.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани