Кој има поголем? На кој му е најголем? Е нема поголем! SSD 100Tb
  Објавено на
share

 

Најголемиот SSD на светот има 100 терабајти меморија

 

 

Nimbus Data ExaDrive DC100 стана најголемиот SSD диск на светот со оглед на тоа што нуди меморија со капацитет од импресивни 100 терабајти.

Споменатиот SSD диск моментално го тестираат само одбрани купувачи, но се шпекулира дека Nimbus Data ExaDrive DC100 ќе биде пуштен во продажба веќе оваа година, односно во текот на летото.

Компанијата Nimbus Data тврди дека DC100 користи 3D NAND флеш меморија која што е доволна за поставување на дури 20 илјади филмови во HD резолуција или 20 милиони песни, додека брзината на читање и пишување на податоци изнесува 500 MB/s.

Оваа компанија на купувачите ќе им понуди и петгодишна гаранција, па така секој што ќе купи Nimbus Data ExaDrive DC100, ќе добие бесплатна замена на SSD дискот доколку забележи било какви проблеми.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани