"Газираната Вода е добра за здравјето" - истражување и резултати кои ни го разубавеа животот
  Објавено на
share

 

Не има такви, безбројни милиони поклоници на водата со меурчиња кои со страв ни минуваше животот, бидеејќи посериозни научни сознанија за газираната вода - популарно кај нас наречена као кисела вода, - немаше, а стравот беше да не се најде некој кој ќе не убедува дека е лоша за здравјето.

За среќа вестите се добри, ма чуј добри - ОДЛИЧНИ, газираната вода Е одлична за вашето здравје! (иако имаше еден беден обид на Њујорк Тајмс да прелаже со фејк њуз дека не чинит)

Покрај другото што многумина лесно можат да ги баталат шербетисаните пијалаци кои со својата корисност како да ги препорачуваат производители на хемотерапија. шега на страна, добрите вести се добри и затоа наздравуваме - со задолжителен ждриг

Пиењето поголеми количини вода е најдобриот начин за детоксикација на организмот, а покрај обичната, и газираната вода може да биде корисна.

Истражувањето кое е објавено во меѓународното списание за исхрана Journal of Nutrition покажало дека пиењето на газирана вода нуди многу здравствени придобивки. Киселата вода значително го намалува нивото на лошиот холестерол (LDL), а го зголемува нивото на добриот (HDL) кој ги штити крвните садови и срцето. Според проценките на научниците, на овој едноставен начин може да го намалите ризикот од многу срцеви заболувања.

Дополнително, киселата вода го олеснува варењето на храната и ја подобрува работата на цревата.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани