Аџутантот на министерот за финансии - под лед од неговата партија - Левица
  Објавено на
share

 

Левица реши да му го замрзне партиското членство на Јовановиќ, советникот на министерот за финансии

 

Раководството на политичката партија Левица одлучи да му го замрзне членството во партијата на Бранимир Јовановиќ, актуелен советник на министерот за финансии Драган Тевдовски, соопшти партијата.

 

Лани Јовановиќ поднесе неотповиклива оставка од сите партиски функции во Левица (координатор на програмски сектор економија и член на централниот комитет на партијата), и ја прифати понудената функција советник во кабинетот на Тевдовски.

„По ова, ЦК на Левица едногласно ја прифати неговата оставка и пасивизацијата на неговото членство и реши да не го сакционира на никаков начин, туку само да ја следи неговата работа во новата Влада. Но, по последниот развој на настаните, поврзани со носењето на серија крајно штетни економски одлуки кои не беа предвидени ниту во предизборната програма на владејачката коалиција – президиумот на Левица одлучи привремено да го замрзне членството на Бранимир Јовановиќ, поради јавно застапување политики и ставови кои се суштински спротивни на нашата идеологија и на најважните основачки акти на партијата“, се вели во соопштението.

Левица бара од министерот Тевдовски и од неговите советници, „доколку себе си сè уште се декларираат за социјалдемократи“, да престанат да ги празнат џебовите на работниците, за сметка на невоведувањето прогресивен данок со кој би ги опфатиле енормно високите приходи на олигарсите и на богатите.

Јовновиќ како член на Левица изјавуваше дека обврската за ДДВ за лицата кои годишно добиваат хонорар повеќе од еден милион денари е удар за сиромаштијата, а денес, како советник на министерот, оваа обврска за него стана оправдана.


Како додаток на ремек делата на овој економски гениј, реакција на повеќе од десетина невладини во врска со неговиот предлог секој кој заработува да плаќа ДДВ. ж



Дечки иди донеси некоја инвестиција, направи нешто компаниите подобро да работат, избори се за подобра сеопшта економија и инспириај ги луѓето да заработуваат а не да се плашат за својот труд, не прави будала од себе!

 

 Тринаесет невладини организации против ДДВ за физичките лица

 Тринаесет невладини организации преку заедничко соопштение реагираат до надлежните институции во врска со оданочувањето на физичките лица со ДДВ во рамки на постојаната регулатива, кое, според нив, е проблематично од неколку аспекти.

Станува збор за Центарот за економски анализи, Finance Think, Центарот за даночна политика, „Транспаренси Интернешнл“ – Македонија, Евротинк, Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, Фондација отворено општество Македонија, Институтот за демократија „Социетас цивилис“, Институтот за европска политика, Институтот за комуникациски студии, Институтот за општествени и хуманистички науки, Analysis and advisory group и Центарот за управување со промени.

Во соопштението овие организации наведуваат дека истото е во функција на подобрување на владеењето на правото, зајакнување на правната сигурност и подобрувањето на услугите од страна на јавниот сектор.

Организациите како прв проблематичен аспект ја наведуваат нејасната законска дефиниција на самостојна стопанска дејност на физички лица, при што наведуваат дека законот за ДДВ, ниту кој било друг закон, не дефинира што претставува самостојна стопанска дејност на физички лица.

„За некои дејности е многу јасно, затоа што нив ги регулира Законот за трговска дејност, најчесто како трговец поединец. За низа други дејности, не може да се каже дека се стопански дејности (на пример, научна или уметничка дејност), освен ако законодавецот не одлучи тие експлицитно да ги наведе како самостојна стопанска дејност на физички лица во Законот, или во подзаконски акт“, стои во соопштението во кое се додава дека до регулирањето на сите отворени прашања, спроведувањето на Законот за ДДВ и внесувањето на физичките лица во системот на ДДВ е неможно бидејќи ќе генерира незадоволство и можност за зголемена даночна евазија.

За овие организации е спорно и тоа што даночните власти, како што велат, прилично арбитрарно имаат намера да го спроведуваат Законот за ДДВ без да ги земат предвид сите аспекти кои ги бара самиот Закон за ДДВ. Ваквата арбитрарност, според нив, внесува несигурност и можност за толкување на една крајност, а тоа е дека секој примен доход (освен тој од плата) подлежи на оданочување со ДДВ.

Исто така оттаму додаваат дека авторските договори, по дефиниција, не може да подлежат на ДДВ. „Со авторските договори се регулираат приходи од научни, уметнички, образовни, културни и слични дела. Кај авторските договори нема промет бидејќи не се врши пренос на авторското право кое претставува дефиниција за промет согласно постојниот закон за ДДВ“, се наведува во соопштението. Покрај тоа се потенцира и дека согласно постојниот закон за ДДВ, еден од условите за ДДВ регистрација е и континуиран промет.

„Во сите случаи, освен кај договорите за закуп, ова барање на законот не е исполнето. Договорите за дело, авторските договори и останатите консултантски договори за физичкото лице немаат континуитет како кај правен субјект регистриран за објавување на одредена дејност со цел остварување на профит. Тие договори кај физичките лица можат да имаат и еднократен ефект само во одредена година или период од годината“, сметаат организациите.

Како што нагласуваат оттаму, примена на ДДВ за физички лица во услови на неусогласени правни решенија во голем број закони ќе доведе до компромитација на системот на ДДВ и на владеење на правото, правната сигурност и правичноста. Додаваат и дека неусогласеноста и нејасноста на одредбата од Законот за ДДВ што се однесува на физичките лица со бројни закони кои се усвоени во меѓувреме вклучително и Законот за работни односи и Законот за трговски друштва, ќе предизвика нејаснотии и арбитрарност во нивната примена.

На крајот од соопштението, невладините организации наведуваат и низа предлози за појасна законска ДДВ регулатива меѓу кои се и јавна дебата за потребата физичките лица да влезат во системот на ДДВ со објаснување односно едуцирање зошто е тоа потребно,  повлекување на УЈП од арбитрарното толкување на Законот за ДДВ, јасно разделување на авторските договори кои се надвор од опфатот на ДДВ, надградување на регистарот на физички лица обврзници на ДДВ, како и транспаренто и инклузивно носење на дополнувањата на Законот.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани