ИНОВАМАК 2017
  Објавено на
share

ПОЧИТУВАНИ 

Од 21 до 23 ноември 2017 година во Домот на АРМ во Скопје ќе се одржи голем меѓународен саем на патенти, пронајдоци, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2017. На саемот ИНОВАМАК 2017 ќе бидат презентирани пронајдоци и иновации од Кина, Малезија, Руската федерација, Тајван, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Македонија. За сите македонски иноватори е обезбеден бесплатен простор за изложување на нивните пронајдоци. Работно време на саемот е од 10 до 19 часот, а влезот е бесплатен.

Свеченото отворање на ИНОВАМАК 2017 ќе биде во 12 часот на 21 ноември, а доделувањето на наградите за надобрите иновации ќе биде во 12 часот на 23 ноември. 
 
Саемот ИНОВАМАК 2017 го организира „Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија“, единствениот легитимен претставник на Република Македонија во IFIA - Светската федерација на сојузи на пронаоѓачи.
 
Поздрав,
 
Мирко Узелац
Претседател на „Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија“
моб. тел. 070 740 398
 
 
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани