ХРАНА БЕЗ ДОДАДЕН ШЕЌЕР - ПРЕВАРА!
  Објавено на
share
Имам пријател во кој е болен од дијабетис и пред да го посетам отидов до аптека да побарам да му купам нешто за понада. бидеејќи слабо се разбирам од тоа што може смее или не смее болен како него да конзумира, се консултирав со аптекарката. Бидеејќи не сакав со лено да му однесам, мислев дека благце може да го расположи и секако некое кое не содржи шеќер. Веднаш ми извади десетина вакви, нивни увоз, топ биле за дијабетичари, ич гајле да сум немал. Со најголема доверба купив неколку и отидов кај него во посета.

 
Таму беше нивниот домашен лекар кој ме замоли да види првин што сум му купил. Секако, потенцирав дека го купив во аптека со препорака и дека на самата етикета стои дека нема додаден шеќер. Но тој ја погледна декларацијата одзади и рече дека ако гризне од ова, мојот пријател ќе бил во серизона состојба по неговото сдравеј, апропо неговата состојба со многу висок шеќер кој се бореше да го нормализира.
 

Навистина, одзади пишуваше дека им шеќер во количина од 8 грама, што е навистина многу за болен човек.
 
 
 

Ми остана лошо чувство и отидов да ја прашам апекартката наредниот ден, се собра де-три и сите најнормално бране производот додека не ги натерав да прочитаат декларацијата одзади.

Јас разбирам дека имаат ниски плати и рабирам дека не го знаат секој производ, но да отидеш да побараш нешто за дијабетичар и да самоуверено вакво нешто понудиш... !?!?!

Цаката е дека нема додаден шеќер, што не значи дека нема шеќер! И тоа би требале подобро да го знаат од мене. Вака, се помалку доверба имам во нив, и затоа станувам се потежок оток и ги терма да се дообјаснуваат, да дочитаат, да сурфаат колку што треба без оглед дали некој чека пред мене.

јака им душа на дијабетичарите, шеќер има (досега што сум нашол) во се. Кисело млеко, јогурт, леб, кислеи крастваички свекло и други производи во тегли кои се водат како туршии. производи на кои пишува стевиа се најголемиот трик, имаат стевиа, но им додаваат и шеќер, не сите секако, но бидете будни и внимавајте. Овошните сокови се најлошото нешто што можете да му го дадете на здрав човек а камо ли болен - има повеќе шеќер одошто газираните пијалаци. Црните чоколада се само беден трик, шербетисани се. тулумбите се барем поштени, од киломатар знаеш, но овие кои се прикирени се ужасни, хорор, а кои глумат демек здрави.
Пред некој ден имав потреба за некој протеински бар, а за жал до ден денес (освен во продимед) не сум нашол соодветно нешто без шеќер. Имаше тезга со здрава храна сред еден Мол, и ми понудија бар со стевиа. Но на задната страна пишуваше дека има шеќер.!?!?
 
Друг пример
Бев на саем на здрава храна во парк пред некој месец, на една тезга промовираа некакви, супи протеински, кои ги опгласуваа како здрави. На исто прашање дали се без шеќер и дали се соодветни за дијабетичари, со окоокорени и вџашени ликови ми се нафрлија со објаснувања дека апсолутно се, слободно да си купам и кркам и ќе купев ... и така тирадата им траеше неколку минути додека да извадам наочарите, и читнам во тоа најситните букви на декларацијата дека содржи 40 г шеќер во една порција.
Жално е да видиш како возрасни луѓе трокираат ментално како робот во конфликт но не признаваат никако.
 
Се прашувам дали треба да сум ѓубре и да им се најебам мајке јавно со име и презиме, но тоа немаше да смени ништо освен пар лајка на фб, што не вреди ни колку нокт на органот, нејсе.
 
Поетнатата ми е, добрата страна е што сега по закон, секаде и кај нас има детални декларации за содржиниата на шеќер и масти - добри и лоши, и можете така да бирате и да си направите баланс во исхраната и пред се здравјето.
Очи ококорени, драги мои, дури и да сте здрави. Сланината не е проблем, проблем е шеќерот. А самите си викате шо па ја не јадам благо ( а кркаш корнишони, буташ леб, локаш сокови ...)
Ќе си најдете начин, оти зависници сме сите, шеќерот делува исто како кокаинот, само не сакаме да си признаеме.



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани