ШТО ЈУНКЕР НЕМА ДА ВИ КАЖЕ ЗА РЕАЛНАТА СОСТОЈБА ВО ЕУ?
  Објавено на
share

зделано в ОФФНЕТ

ШТО ЈУНКЕР НЕМА ДА ВИ КАЖЕ ЗА РЕАЛНАТА СОСТОЈБА ВО ЕУ?

Image result for junker address eu parliament

Претседателот на Европската комисија Шан Клод Јункер в среда треба да го одржи своето годишно обраќање во Стразбур. „Ќе ве убедува дека ЕУ е мед и млеко. Ајде да видиме одблиску каква навистина ситуацијата“, пишува пратеничката на Европскиот парламент, Дајана Џејмс. 

Мигрантска криза

За почеток, мигрантската криза е длабоко во својата трета година, со стотици илјади луѓе кои и натаму пристигнуваат а нови рути постојано се отвораат. Решението на ЕУ беше да истури милијарди евра во џебовите на турската и северно-африканските влади. Не само што ваквата ЕУ политика не успева туку активно ги охрабрува луѓето да си ги ризикуваат животите ставајќи ги во рацете на криминални групи шверцери со луѓе. 

Неуспешни економски политики

Економската политика на Унијата не е ништо подобра. Наспроти 2,1 трилиони евра одвоени за стимулации, европските економии сè уште изгледаат слабо. Невработеноста на младите луѓе во Грција и натаму е околу 50 %, во Шпанија 40%, во Италија 37%. Банките на Италија и Шпанија и во 2017 ќе мора да бидат спасувани со финансиски инјекции.

„Успехот“ на политиката на Европската централна банка за квантитативно олеснување е дискутабилна. Додека се ограбуваат штедачите и пензионерите а долговите на ЕУ одат во небо, ЕЦБ реши да ја прошири економски убиствената политика и после 2017 со што се ризикува глобален колапс.

И покрај неуспехот на економскиот програм. ЕУ си го зголеми буџетот за 2018 година за 8 проценти.

Удар за демократијата

Како продолжеток на серијата удари, годинава ЕУ објави дека планира на националните и регионалните тела  да им го одземе правото на вето во идните трговски договори. Тоа ќе им овозможи на контроверзните и критикувани проекти како што е Транслатлантскиот договор за трговија да се протнат на мала врата, без да бидат педантно прочешлани од демократските институции на државите на ЕУ.

Наспроти гласните ветувања за поголема транспарентност во донесувањето на ЕУ одлуки, Брисел упорно делува во обратна насока. Не треба тоа никого да чуди кога се проценува дека постојат околу 30.000 лобисти кои роварат околу европските политики, што се илјадници часови средби (наречени трилогии) зад затворени врати.

Ваквата матна пракса е толку алармантна што дури и омбудсманот на ЕУ, Ема О' Рајли предупреди: „Тешко е да се дознае кога трилогиите се организираат, што на нив се дискутира и кој сè учествува на нив“.

Годинава ЕУ ги задржа острите санкции кон Русија а ситуацијата во Крим не се реши. Ова можеби некому звучи благородно сè додека не ви текне дека увозот на руски гас во ЕУ е изземен од санкциите.

Наспроти генералната осуда на Москва заради нејзините активности во Украина, ЕУ го подржува новиот гасовод, Нордстрим 2, во сопственост на руската држава, преку кој ќе се увезат милиони кубни метри гас во Германија. Нов извршен шеф на компанијата со гасоводот е поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, сосема случајно, се разбира.   

Заади ваквите работи, не чуди што 66% Европјани во една неодамнешна студија изјавија дека се незадоволни од насоката по која оди Брисел.

Малтретирање околу Брегзит

Сето ова нè доведува до Брегзит, демократски донесената одлука за напуштање на ЕУ. Унијата не сака да се предаде без борба па инсистира на континуитет на правната јурисдикција на Унијата во пост-брегзитовска Британија. Бара британските бизниси да се потчинуваат на сегашните и идни европски регулативи а доставува и една правно неодржлива излезна сметка од милијарди евра. Тоа не е ништо друго освен силување во насока Велика Британија да биде формално надвор но суштински да остане дел од Унијата.

Ако треба со еден збор да го сумирам она што Јункер ќе го каже тоа е: „очај“. Иако се сомневам дека тој ќе се осмели да го спомне тој збор во каков било контекст“, пишува Дајана Џејмс од Укип. 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани