Macoвна тепачка на плажа во Охрид
  Објавено на
share

ЦРНА ХРОНИКА

Macoвна тепачка на плажа во Охрид


Инцидентот се случил во 10.50 часот. Според официјалното соопштение, најверојатно поради меѓусебни недоразбирања кои траeле подолг период, првин дошло до пресметка меѓу две помали групи. Набргу стигнале полицајци кои интервенирале, но тогаш пристигнале уште пет лица со опасни орудија, кои нападнале еден гостин на шанкот. Тој, пак, претходно ги делел двете групи да не се тепаат. Полицајците што биле на местото продолжиле да интервенираат, а наскоро им стигнало и засилување, па тепањето било сопрено, а повредените префрлени во Општа болница Охрид.

За инцидентот се приведени седум лица. Петмина од нив се приведени откако на различни одделенија во Општа болница Охрид им е дадена неопходната медицинска помош.

СВР Охрид и Јавен обвинител работат на расчистувањето на тепачката.

Сподели





КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани