Рама во интервју за „Политико“: Тиранската платформа е мит креиран од македонските политичари
  Објавено на
share

Рама во интервју за „Политико“: Тиранската платформа е мит креиран од македонските политичари


Мала "унија" со Косово е возможна доколку Брисел му го сврти грбот на регионот, вели Еди Рама за "Politico"

Рама е обвинет за додавање гориво во огнот на Балканот преку неговата улога во кризата во Македонија. Партиите кои ги претставува етничкото албанско малцинство во Македонија, и кои ја држат рамнотежата на моќ по изборите во декември, изготвија заедничка платформа по состанокот со Рама во Тирана. Таа повикува на поголеми права за етничките Албанци во Македонија кои сочинуваат околу една четвртина од населението, вклучувајќи го и тоа албанскиот да стане исто така официјален јазик во земјата. 

Платформата е во фокусот на големи улични протести, а претседателот Ѓорге Иванов вели дека ова "ќе ја уништи земјата" и дека "ја става Македонија во позиција на потчинетост или зависност во однос на друга земја"..


Но Рама застана во одбрана на платформата и изјави дека тој само ја олеснил средбата меѓу етничките Албански политичари од Македонија и не се обидел да се меша во вантрешната политика на земјата. 

"Постои мит создаден во Скопје за политички цели, кој вели дека  Албанските партии следат некоја платформа која е напишана во Тирана. Ова е лага, мит креиран од политика со многу лош вкус", изјави Рама за 
Politico.

"Нападот на платформата е многу опасен бидејќи тоа е еден вид на политика која предизвикува поделеност на сограѓаните во земјата и неединство... Последното нешто кое и' треба на Македонија, последното нешто кое на сите ни фали е поттикнување на меѓуетички конфликти, бидејќи ваквите работи потоа не можеш да ги контролираш."


Тој додал и дека Албанците во Македонија имаат "апсолутно право да бараат рамноправност со своите сограѓани Македонци", а дека платформата во голема мера ги бара правата и слободите кои беа утврдени во 2001-ва година во Охридскиот договор со кој беше ставен крај на вооружениот конфликт меѓу македонските безбедносни сили и етничките албански герилци. 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани