КОЈ Е КАРЛ БИЛТ: Нe нарекуваше славомакедонци, сега води невладина организација која го анализира Балканот
Објавено на
КОЈ Е КАРЛ БИЛТ: Нe нарекуваше славомакедонци, сега води невладина организација која го анализира Балканот
Тој неодамна побара од Европската Унија да испрати воени трупи на Балканот и да се изведат воени вежби
(Фото: ЕПА)
Поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи Карл Билт денеска е во Македонија. Станува збор за неофицијална посета на дипломат кој во моментов нема никаква официјална функција, туку е копретседавач со Европскиот совет за надворешни работи, невладина организација која се занимава со политички анализи.
Билт самиот се нарекува добар познавач на Балканот и често излегува со оцени за политичките состојби во Македонија и во Србија. Не случајно токму Скопје и Белград се дестинации на оваа негова приватна посета.
Билт во 2014 година на форум во Хрватска, коментирајќи ги случувањата во земјава, не нарече славомакедонци, а пак неодамна побара од Европската Унија да испрати воени трупи на Балканот и да се изведат воени вежби.
Билт во Скопје ќе има одделни средби со претставници на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, но не и со претседателот Ѓорге Иванов. Од кабинетот на шефот на државата се изјаснија дека средба со шведскиот дипломат не е предвидена. Претходно Иванов одби да се сретне и со комесарот за проширување Јоханес Хан откако тој претходно не сакаше да се сретне со претставници на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
КОМЕНТАРИ