Груевски: Жестоко ќе одговориме доколку СДСМ се обиде неделовнички да бира претседател на Собранието
  Објавено на
share

Груевски: Жестоко ќе одговориме доколку СДСМ се обиде неделовнички да бира претседател на Собранието

Доколку СДСМ влезе во сценарио кое се заговара деновиве и се однесува противправно, незаконски, недемократски, неделовнички во Парламентот, ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира остро и народот сериозно ќе реагира, вели Груевски.

Според него, ваквите постапки на СДСМ ќе бидат во насока на нарушување на демократските процеси и стабилноста на земјата. Народот и државата не се должни да ја плаќаат фактурата за обврските кои ги презел Заев, вели Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го предупредува Заев да не си игра со демократијата и народот.

Утре продолжува конститутивната седница во собранието. Ќе се дебатира за избор на Комисија за избори и именувања. Минатата недела не пројде предлогот на СДСМ да се расправа избор на претседател на собранието.

Од СДСМ пак со реакција дека Груевски треба да сфати дека постои ново парламентарно мнозинство кое е во процес на формирање на нова влада според мнозинската волја на граѓаните.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани