Француската политичарка и европарламентарка Марин Лепен, претседателски кандидат на крајно десната партија Национален фронт (FN), го откажа во средата состанокот со либанскиот голем муфтија, бидејќи не сакала да стави шамија на главата во текот на средбата.

„Можете да му ги пренесете на големиот муфтија моите изрази на големо почитување, но јас нема да се покривам“, изјавила Марин Лепен пред новинарите во текот на нејзиниот престој во Либам.

Претставник на големиот муфтија соопшти дека советниците на Лепен претходно биле известени за барањето таа да носи покривка за главата во текот на средбата.

Според една неодамнешна анкета на Opinionway, Лепен е на пат да ја запечати убедлива победа во првиот круг од претседателските избори и да освои 27 отсто од гласовите. Сепак, таа би можела да го изгуби во вториот круг од изборите во мај, кога би требало да се соочи или со левиот центрист Емануел Макрон или со кандидатот на конзервативците Франсоа Фијон