ВМРО-ДПМНЕ ЗА ИЗЈАВИТЕ НА ПАВЛОПУЛОС ГРЧКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ГИ НАВРЕДУВА МАКЕДОНЦИТЕ
  Објавено на
share

ВМРО-ДПМНЕ ЗА ИЗЈАВИТЕ НА ПАВЛОПУЛОС

ГРЧКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ГИ НАВРЕДУВА МАКЕДОНЦИТЕ

Однесувањето на претседателот на Грција и испраќањето иритирачки, навредувачки и потценувачки пораки до македонскиот народ и држава, очигледно, е смислена стратегија за зголемување на конфликтноста помеѓу двете земји, и наместо решавање на спорот, негово усложнување, со измислување наводна опасност дека името го гледаат како закана за своите граници, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во вчерашното соопштение од партијата реагираат на изјавата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во врска со името на Македонија, во, како што велат „отсуство на реакција на опозицијата и државните институции“. 

- Изјавите, кои наликуваат на оние од раните деведесетти години од минатиот век, нема да н` однесат кон решение на проблемот, туку ќе н` вратат токму таму, во 1991 година. Ваквите изјави ги анулираат напорите на Република Македонија за спроведување мерки на доверба меѓу двете земји. Тие се без никаква смисла во услови кога најмалку еднаш месечно грчкиот претседател јавно ни кажува дека ако не се откажеме од името Македонија, никогаш нема да станеме членка на ЕУ и НАТО. Со оглед дека никој ниту во Грција ниту во ЕУ и НАТО не реагира на овие изјави, граѓаните на Македонија ги примаат изјавите како заеднички - се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека тоа не е во правец оти наскоро ако го донесеме овој или оној закон, мерка или реформа има дури и најмали изгледи да почнеме преговори со ЕУ и да добиеме покана за НАТО.

- Во една ваква ситуација, кога Грција соопштува дека нема да дозволи да се користи името Македонија од наша страна како услов за НАТО и ЕУ, го прашуваме СДСМ како планира за 6 месеци или една година да почнеме преговори за зачленување во ЕУ, став што тие јавно го промовираа. Дали планираат име што нема да го содржи зборот Македонија? - прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

рекација од опозицијата - нема или е крајно позитивна за овие изјави




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани