Претседателот на Албанската Дијаспора со отворено писмо до Груевски
  Објавено на
share

Почитуван, г. Никола Груевски

Вистина е дека неколку албански средини гледаат на Зоран Заев како на спасител, исто така ова појава постои и кај другите етнички групи кои живеат и се респектирани граѓани на ова држава. Од  добрата вола дека си ми сограѓанин, се неколкуте години постар од тебе, јас Муса Ламалари роден во Скопје, во Серава блиску чаршијата, познат како Тим Шкупи, како претсавник на Албанската Дијаспора  за Македонија, САД, Канада, Европа и Австралија, ако ме прифатиш, сакам да бидам твој СПАСИТЕЛ. Да, сакам да бидам твој спасител, да те извлечам од ова твоја хистерија, од манипулативната реторика, која создава непотребно непријателство и омраза  кај македонците од источниот дел, кои не ги познаваат и немат контакт со албанците освен преку медиумите и порталите кои ти ги контролираш за наметнување на твојата власт која ти избегала од раце поради твоите грешки, идентификувајки се со шовинистичките и рацистичките емисии на Миленко, Латас и Јанко, и каде граѓаните си ги оставил да мислат само на бурек.

За сето ова, не си само ти виновен! Виновни се и партиите со латински букви, за кои ти си мислел дека ти се верни партнери и дека добро ги извршуваат своите задачи, каде не само кај албанските средини туку и кај македонските си дозволил партизација на институциите на системот и нивно изложување под притисок и уцена на криминогени структури.

Вие знаете многу добро кои манипулирал со изборите од 2008 навака. Вие многу добро знаете кои полнел кутии и кои имиња се предмет на СЈО. На ваша жалост, тоа веќе го знаат и граѓаните на Р. Македонија. Тие денеска се обединети (без разлика на која етничка група припаѓат и за која опозициона партија ќе гласаат) да гласат за промени и да ја вратат државата на граѓаните.

Знам дека е болно за вас да преминете во опозиција,  да се соочите со СЈО, но власта не само на вас туку на ниту еден друг не може да му гарантира да ја избегне правдата, ако претходно ги злоупотребил институциите на системот. Од премиерското место на кое бевте цели 10 години, јас не знам дека сте посетиле некое место од албанските средини, бидејки сигурно во вашите замисли  сте ја засмислувале Македонија поделена по етничка линија, притоа задоволувајки по вертикала со тендери неколку албанци кои ти работеле зад грб! Од 2009 година вие сте имале апсолутна власт, контролирајки речи се со помошта на Али Ахмети и на твоите тајни стратешки партнери.

Длабоко сум убеден дека вие денеска жалите кога го гледате Зоран Заев од Струмица како позитивно е прифатен кај албанските средини и средините и местата на другите етнички групи, колку само денеска посакувате да сте на местото на Зоран Заев, но ете не сте и таква вие среќата да морате да се повлечете од политиката и да го оставите Никола Поповски да ја реформира вашата партија, напуштајки го аркаичниот верски екстремизам.

Вие сте добро запознаени дека албанците на дијаспората ги негираат изборите, исто како што ги негира и дијаспората која јас ја претставувам заедно со моите соработници. Исто така вие сте добро запознаени дека ние како дијаспора, за што се залагаме, нешто што во ниту случај не се разликува од барањата на Европската Унија и НАТО.

Албанската дијаспора уште еднашка ве потсетува дека

1)    На Македонија да и се смени името...

2)    На Македонија да и се смени знамето, химната и државниот грб.

3)    Да започне процесот за регистрација на населението според европските стандарди и под надзор на ОСБЕ

Значи и вие како и ние како дијаспора сме свесни дека Зоран Заев предводи политичка партија со граѓански концепт , со европските социјал-демократски начела , каде во нејзината програма нагласена е идејата за благосостојба на граѓаните. Ова не значи дека во минатото СДСМ се има држано до овие начела, каде нивните грешки под влијание на политиките на милошевиќ, и ден денеска се во меморијата на албанците и затоа со скептицизам се гледа на граѓанската опција на СДСМ и Зоран Заев.

И на крај, почитуван Никола Груевски, намали го тонот на омразата, насилството, тон кој ние добро познат од минатиот век. Признајте ги грешките и отидете си од партијата, можеш да имаш (заедно со Ахмети) малку подобар крај.

Ваков манипулативен тон, ние уште во 2014 не прифативме ниту од Али Ахмети , да не доведе во непријателска ситуација со македонците за мандатите на пратениците од дијаспората.

Значи, за да вие разберете подобро, искрено ви велам, албанците од  дијаспората се голем залаг за вас, тие беа голем залаг за Милошевич, а каде ли за човек кои 10 години по ред бил под влијание на политичарите од официјална Приштина.

Така да, ние немаме намера да се вмешаме во твојата битка со Зоран Заев. Сме многу попаметни отколку што вие можете да замислите, и затоа што ние ова битка ја сметаме за таква и не поинаку, каде двете партии го браните унитарниот карактер на системот, досега барем не сте дале впечаток а ниту докази за одговорноста на мнозинството.

 

П.С. Реакција после ова закана на Никола Груевски




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани