Валканата британска тајна: КАКО ЧЕРЧИЛ ГИ ИЗДАДЕ ГРЧКИТЕ ПАРТИЗАНИ И ЕГЕЈЦИТЕ
  Објавено на
share
Валканата британска тајна:

КАКО ЧЕРЧИЛ ГИ ИЗДАДЕ ГРЧКИТЕ ПАРТИЗАНИ И ЕГЕЈЦИТЕ

Kога на 3 декемри 1944 година во центарот на Атина беа убиени 28 цивили, за масакрот не беа криви нацистите туку Британците и од нив вооружените соработници на дотогашниот окупатор. Гардијан на читателите им открива детали околу срамната одлука на Винстон Черчил да им сврти грб на оние дотогаш гинеа и се бореа од истата страна што на Грција o7; отвори рани кои до денешен ден ја одредуваат политичката клима во таа земја.

На почетокот на декември пред 70 години, британската армија која сè уште е во војна со Германија и локални бараби кои дотогаш соработувале со нацистите, отвораат оган врз толпа цивили на плоштадот Синтагма, собрани како знак на поддршка на партизаните кои три години војуваа од иста страна со Британците.

Шарена била таа групација, составена од републиканци, анти-монархисти, социјалисти, комунисти, слободари. За - во тоа време малата - Атина се собрале импозантни 60 илјади луѓе и сите мислеле дека ќе бидат тоа уште едни мирни протести. Сè додека врз нив не припукале од правец на парламентот и од хотелот Гранд Бретања во која бил сместен британскиот штаб.

Грчката Демевриана  почнува нецели 6 недели откако Германците ја напуштаат земјата. На плоштадот остануваат 28 цивилни жртви а по бруталното расчистување на масата, британската авијација почнува со бомбардирање на работничкиот кварт Мерц.

Штотуку осободената земја влегува во нова агонија, британските тенкови ги заменуваат германските, наместо СС и Гестапо офицери сега главни се британските а по улиците слободни и вооружени се шетаат членовите на колаборационистите, кои важеле за олошот на Грција. Англичаните поставуваат снајперско гнездо и на Акропол, нешто што ни Германците не го имале направено за време на окупацијата.

А во нацистичката окупација, од убиства, зандани, мачења, јавни егзекуции и глад Грција губи 7% од своето население.

Во тие години отпор давале и монархистите, но тој бил далеку послаб и понеефикасен од отпорот на левичарскиот ЕЛАС во кој масовно влегуваат и Македонците.

 

“Декември 1944 година и граѓанската војна 46-49 ја одредува и денешнината. Никогаш не се случи вистинско помирување. Во Франција или Италија, ако си се борел против нацистите, си бил почитуван после војната, без разлика на идеологијата. Во Грција оние што се бореа против окупаторот, доживеаја да бидат мачени и прогонувани од соработниците на тој окупатор", вели историчарот Андре Геролиматос.

По бегството на нацистите од Грција, полни со доверба кон своите сојузници, ЕЛАС дозволуваат да дојдат Британците и прават една стратешка грешка-  имаат 50.000 вооружени лица на готовс но ги остават надвор од Атина.

"Англичаните и денес тврдат дека ја ослободиле Грција. Тоа не е точно, Грција ја ослободија домашните движења на отпорот," вели Манолиз Лезос, легендарен грчки левичар со бурна биографија. Од стрелање на нацистите се спасува иако гробот веќе му бил ископан а ликвидација во граѓанската војна избегнува благодарејќи на апелите и интервенциите на Де Гол и Жан Пол Сартр.

Откако со Сталин ги поделуваат сферите на интерес ("Конференција Толстој", октомври 1994, Москва) Винстон Черчил стравува дека грчките левичари во војната зајакнале повеќе отколку што очекувал па ја носи таа кобна одлука да им сврти грб на своите долгогодишни сојузници а да се сојузи со нацистичките соработници. Позади сè се крие стравот дека ако комунистите ја презедат државата, нема да може да го реинсталира грчкиот крал, инаку вујко на принцот Филип, војводата од Единбург.

Оттука сите оние егзодуси, логори, кампови, зандани и ликвидации кои неповратно го имаат поделено грчкото општество.

"Ќе ви кажам нешто што досега никому не сум му го кажал," вели Глезос раскажувајќи тој и 30-тина градски соборци како биле спремни да го дигнат во воздух Хотелот Гранд Бретања во кој биле сместени Англичаните. Тие успеале преку канализацијата да довлечкаат еден тон експлозив под хотелот кој британскиот штаб ќе го претворел во пепел.

И го држеле детонарот во рака но експлозијата никогаш не се случила затоа што во последен момент дознале дека во хотелот стигнал самиот Винстон Черчил. Биле решени да ги дигнат Британците во воздух но не и да одговараат за убиството на еден од големата сојузничка лидерска тројка, заедно со Сталин и Рузвелт. Истиот оној кој после 3 години сојузништво им го сврти грбот и ги фрли во рацете на нивните џелати.

Ретко кој Англичанец кој денес ужива по грчките острови е свесен за оваа улога на Британците после војната. Можеби од незнаење, можеби од срам, пишува Гардијан.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани