АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ БАРААТ ИСТРАГИ ЗА ФУНКЦИОНЕРИ ОД СДСМ или карама из а занаба бич
  Објавено на
share

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ БАРААТ ИСТРАГИ ЗА ФУНКЦИОНЕРИ ОД СДСМ

 

На тапет беа министерот Оливер Спасовски за унапредувања во МВР, како и општинските власти од Куманово

Антикорупциската комисија побара од Основното јавно обвинителство Скопје да отвори истрага против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за незаконско распоредување и унапредување на вработени во МВР по распишувањето на изборите. Комисијата ги прифати едногласно аргументите изнесени во претставката од дополнителниот заменик-министер Оливер Андонов дека е прекршен член 8-а од Изборниот законик.

Оваа одлука, како и онаа која се однесува за повреда на член 8-б поднесена од коалицијата за избори предводена од ВМРО-ДПМНЕ против коалицијата на СДСМ и Општина Куманово, беше донесена на јавна седница. Како и во првиот случај, Комисијата побара од Обвинителството да отвори истрага околу користењето општински службени возила за партиски цели и за тоа да се побара мислење од градоначалникот и од директорот на јавното комунално претпријатие. 

Известителот за предметот против министерот за внатрешни работи, Фарие Алиу, ги прочита наводите на Андонов дека Спасовски унапредил началници и им ја зголемил платата. „Со ова се предвидени вонредни трошоци и исплати од буџетските средства, се работи за одлуки на Спасовски по распишување на предвремените парламентарни избори и не е почитувано мислењето на Државната комисија за спречување на корупцијата“, рече Алиу. 

Без никакви дискусии помина и одлуката на Комисијата. Обвинителството да отвори истрага и за користење јавни ресурси од Јавното комунално претпријатие во Куманово, чии возила биле користени за транспорт на партиски материјал за опозицискиот СДСМ. Според претседателот на Антикорупциска Игор Тантуровски, претставката што ја поднеле пратеници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ е основана и била поткрепена со фотографии и видеоснимки.

По завршувањето на овие две точки, кои не траеја подолго од дваесетина минути, седницата се затвори за новинарите. Вчерашната седница предизвика изненадување во стручните кругови, бидејќи досегашното функционирање на ДКСК не се случило да се расправа на јавна седница. 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска на прес-конференција ги отфрли заклучоците на Државната комисија за спречување корупција. Тој тврди дека сите распоредувања извршени во МВР, а кои се потпишани од него, се направени во согласност со измените на Законот за Влада и пред донесувањето на одлуката за распишување на предвремените парламентарни избори. МВР посочи дека заради нормално функционирање и поради недостиг од службеници во одредени единици на министерството, тој потпишува наредби за дополнување на бројот на работници на местата каде што тие се потребни. Сепак, тој истакна дека овие наредби не претставуваат решенија за распоредување.(Г.Д.)




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани