Владата ќе ја награди со 4.200.000 денари младинската фудбалска репрезентација
  Објавено на
share

Владата ќе ја награди со 4.200.000 денари младинската фудбалска репрезентација

 

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска се сретна со членовите, стручниот штаб и раководството на македонската младинска репрезентација во фудбал, при што им го честиташе големиот спортски успех и пласманот на европското младинско фудбалско првенство, соопшти владината прес-служба.

Димитриев ги информирал присутните дека Владата на денешната седница донела одлука со која се обезбедуваат и доделуваат награди за играчите и членовите на стручниот штаб на младинската фудбалска репрезентација во износ од 4.200.000 денари, како симболичен чин на благодарност и покажување поддршка од страна на државата за овој нивен спортски резултат.

Димитриев истакнал дека фудбалерите и спортските работници покажале правилен пример дека во бранењето на боите на државата не постојат разлики по однос на етничка, верска и каква било друга припадност и дека таквиот пристап обезбедува позитивни резултати во секоја сфера од значење за граѓаните. Димитриев истакнал дека овој голем спортски резултат е од огромно значење за целото општество и за Република Македонија и им се заблагодари на фудбалерите и спортските работници за нивниот придонес во создавањето позитивна атмосфера помеѓу сите граѓани.

Потенцирал дека Владата во границите на своите ингеренции и надлежност останува подготвена за натамошна поддршка на младинската репрезентација во пресрет на подготовките и настапот на европското првенство за млади во фудбал, истовремено додавајќи дека Владата и понатаму ќе продолжи со инвестиции во спортската инфраструктура и со реализација на мерки за поддршка на спортот, се посочува во соопштението.

Претставниците на фудбалската федерација и младинската фудбалска репрезентација се заблагодариле за приемот и за искажаната поддршка и изразиле позитивни оценки за проектите кои Владата ги реализира за поддршка на спортот и фудбалот.

Премиерот Димитриев им посака успех и среќа на фудбалерите и спортските работници за настапот на европското првенство, како и за развој на нивните индивидуални кариери.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани