Заев ги предупреди амбасадорите:ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги уриваат изборите
  Објавено на
share

Претеседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати писмо до амбасадорите гаранти на договорот од Пржино во кое предупреди на повеќе чекори на владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ што се во насока на уривање на изборниот процес и натамошно усложнување на политичкиот кризен амбиент во земјава.

Во писмото се истакнува искрената посветеност на СДСМ за градење амбиент за слободни, фер и демократски избори во усогласениот датум 11 декември 2016 година, но и загриженост дека другата страна има поинакви намери и работи против изборите.

Како основа за ваквата загриженост Заев укажал на слениве две работи:

– натамошната политичка инструментализација на Уставниот суд и неговото неизјаснување за уставноста на Законот за СЈО, може да предизвика темелна деструкција на политичкиот процес и оцекувањата за демократска разврска на постојните политички конфротации;

– натамошната политичка злоупотреба на судството, до ниво на целосна суспензија на владеењето на правото и правната држава, во голема мера ќе го детерминира политичкиот амбиент во пресрет на декемвриските избори и правото на граганите да бидат дел од изборниот процес;, пишува во соопштението од СДСМ до медиумите.

Исто така,наведено е однесувањето на политичко мнозинство кое во пресрет на одлуката за распуштањето на Собранието на РМ на 12 октомври 2016 година го наметнува предлогот за усвојување на Буџетот на државата за 2017 година уште сега.

„Остануваме со убедување, дека е неопходно да продолжи позитивниот процес на градење доверба за одговорно политичко ангажирање во пресрет на вонредните парламентарни избори на 11 декември 2016 година – како неопходен исчекор кон надминување на постојната политичка криза и градење на демократски амбиент во држвата“, се вели меѓу другото во писмото на Претседателот Заев до амбасадорите.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани