Миленко Неделковски заедно со екипата отиде на Кајмакчалан и го искрши бугарскиот споменик!
  Објавено на
share

 

 Миленко Неделковски заедно со екипата отиде на Кајмакчалан и го искрши бугарскиот споменик!

од профилот на Неделковски на ФБ

Кајмакчалан, денеска 22.09.2016 помеѓу 13.00 и 14.30 часот.
Мисијата комплетно завршена.
Незаконски поставената бетонска плоча од група бугарски криминалци комплетно е уништена и претворена во прав.

#немабојаиматокмак
#достазборење
#дајтеделаиакција

 

 

 


Минатата недела, неколкумина бугарски војници нелегално поставија споменик на Кајмакчалан во чест на бугарските војници кои загинале на врвот, а како признание за „храбриот“ подвиг Министерот за одбрана на Р.Бугарија Николај Ненчев најави дека ќе ги награди војниците кои ја подигнале спомен плочата

tatari_kajmakcalan-1

Пред еден месец, како што пренесуваат бугарските медиуми, војници од Бугарската армија на сопствена иницијатиа поставиле спомен плоча „во чест и слава и длабок поклон пред хероите од Бугарската армија, кои го дале својот живот за обединување на Бугарија во битката на Кајмакчалан во 1916г“.

Официјална реакција од Македонските институции немаше, а уште помалку од ресорниот министер задолжен за одбрана Јолевски кој не се одважи со никаква реакција.

За среќа, Македонија сеуште има патриоти кои не само на тастатура туку и на дело ја покажуваат љубовта кон својата земја и вистинскиот начин на кој што се чува сопствената историја, вистинскиот начин на кој се чуваат спомените на загинатите Македонци кои ѕверски биле искористуани за разни интереси.

Рано изутринава новинарот и истакнат Македонски патриот и родољуб, заедно со својата екипа изутрината околу 3.30 часот тргнале кон Кајмакчалан, на пат во должина од 75 километри од Битола до Кајмакчалан.

Екипата возела по екстремно тешки услови цели шест часа, по исклучително руиниран пат кој на места воопшто го немало.

„Својата мисија ја исполнив, заедно со целата екипа која му благодари на нашиот заеднички пријател и голем патриот чие име во моментов не смеам да го откријам“ – изјави Миленко Неделковски за iNFOMAX.mk.

milenko_kajmakcalan milenko_kajmakcalan2 milenko_kajmakcalan-3 milenko_kajmakcalan4




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани