БЕТМЕН ВЕЛИТ: Кој ќе нè посвои сега АПСУРДИСТАН!
  Објавено на
share

БЕТМЕН ВЕЛИТ: Кој ќе нè посвои сега

Сфаќате ли колку е отидена работата? Дека на популарните водители не им се дозволува слобода да си ги отворат телефоните, темите и срцата, па да зборуваат со народот кој сака да ги гледа и слуша за она што сакаат да зборуваат? Туку мора да пазат бидејќи над сите демне најсубејктивниот цензорски меч на оние кои не сакаат да ги променат телевизиите
 
 

Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ

Ниту разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли не може да ги покрие интервјуата кои се хит во Македонија во првите 20-тина дена од стотката која ја броиме до изборите за кои никој не е сигурен дека ќе се одржат. Иако страшната информација за прекинот на сексуалните односи меѓу Пит и Џоли се појави во сомнителен тајминг, така да човек може да се посомнева дека е измислен од комунистите за да ја покријат Катица, стана јасно дека Катица едноставно - не може да се покрие. Има, има и зошто.

Тамам ги потсредивме импресиите од интервјуто на Заев, оној принц на демократијата и носителот на слободата во Македонија кој реши дека сите музички таленти во Прилеп, Штип, Неготино и остатокот од Македонија кои не го знаеле македонскиот јазик не е поважно да го научат македонски јазик, туку да свират на кларинет или тамбура - на мегдан со нашите центри за логика и разум ни дојде ново спектакуларно интервју. Јупиии.

Комисија_за_политички_системи_извештај_на_Катица_Јанева_со_мини_сукња__3_.jpg

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, два дена после објавувањето на првиот од десетте извештаи за работата на медиумите, се појави на медиумот над медиумите, кралот на креирањето јавно мислење, главниот и јавниот сервис кој некогаш го носеше и епитетот „политички непријател на СДСМ“ - славната Македонска телевизија. Бидејќи СДСМ конечно успеа да ја сузбие во корен партизираноста во МТВ, назначувајќи свој партиски уредник во ликот на Санта Аргирова, на овој денес слободен медиум конечно се создадоа услови да изгрее специјалното јавно сонце на слободата. Катица Јанева реши да даде интервју над интервјуата, како и што му доликува на сега ослободениот од туѓи партиски стеги медиум чија информативна програма ја уредува СДСМ.

Но, малку подоцна за интервјуто. Прво, за да се вратиме во форма, да се потсетиме малку како што редовно си се потсетуваме на некои важни работи кои инаку, вака зачаурени во интервју-реалноста во Македонија имаме тенденција криминално брзо да ги забораваме.

Одиме со брза рекапитулација, време САД! Изборите во април/јуни се одложија поради одбивањето на опозицијата да оди на избори со непрочистен избирачки список и нерегулирани медиуми. Проблемот на СДСМ со списокот е дека на него имаше 500.000 фантоми кои исчезнаа и станаа 30.000 нефантоми, односно дека сега кога списокот е чист е ИСТ како оној список од кој СДС ладно си губеше повеќе од деценија наназад. Но, важно за СДСМ беше да се купи време со ширење небулози, за да може некој друг (херојот на денешниот текст) да се обиде да го намали рејтингот на ВМРО, веќе кога СДСМ не може. Океј сме со списокот? Океј. Идемо даље.

Комисија_за_политички_системи_извештај_на_Катица_Јанева_и_Марко_Зврлевски__2_.jpg

Проблемот на СДСМ со медиумите е дека на нив власта го добивала сето време на светот, а опозицијата не добивала ни приближно еднакво време па граѓаните немале можност да ги дознаат сите нивни брилијантни и раскошни програмски решенија! Точно? Ма дај, молим те.

Различни политички опции и правни субјекти (поздрав до „Телма“/„Оилко“) добиваат различно време на приватните медиуми зависно од уредувачката политика на медиумот. И во уредувачката политика на приватните медиуми не смее да се меша никакво цензорско тело кое преку нечија лична перцепција за „фер и балансирано известување“ ќе воведува цензура на мала врата низ медиумите. Шије ми га Оилко. СДСМ не е уопште загрижен што на „Телма“ и „Сител“ нема вести за ФРОДЕМ и АЛИЈАНСА ЗА ПОЗИТИВНА МАКЕДОНИЈА (или било која друга мала партија) туку загрижен е што повеќе луѓе во Македонија сакаат да ја гледаат „Сител“, телевизијата која не е голем обожавател на луѓето кои ја нарекуваат свој „политички непријател“ (поздрав Заев), отколку „Телма“ телевизијата која има шарени новинари покрај црвени телефони. Толку е едноставно. Толкава е борбата на опозицијата за „медиумска слобода“.

Значи, суштински проблемот на опозицијата не е во односот на медиумите кон СДСМ, туку во навиките и преференците на луѓето кои живеат во Македонија. Ако сакам да ја гледам и слушам Шекеринска ќе ја гледам и слушам Шекеринска и тоа ни Бобо Дајнерс не може да ми го забрани. Ако не сакам да ја гледам, не можеш да ме натераш ниту со закон, будало една. 

Но, бидејќи ова логицирање не кореспондира со опозициониот наратив, не би ме зачудило после очекуваниот изборен пораз СДСМ да не ги признае резултатите и да побара дополнителна регулација, но не на медиумите туку на гласачкото право при што граѓаните со закон ќе мора фер и балансирано да гласаат за СДСМ на избирачките места, бидејќи тие самите се „стока“ како што ќе каже Пендаровски, „стадо Овци“ како што ќе илустрира Героски или „проста раја“ како што ќе кажат демократичните слободари-навивачи на опозицијата. За нив народот кој не може сам да си одбере телевизија која ќе ја гледа сигурно не може да си одбере и политичка опција за која ќе гласа. Затоа, кога народот не може сам да си одбере, СДС ќе му одбере. И телевизии и политичка програма која ќе ја сака. Тоа е тој фамозен капацитет за демократичност поради кој живееме во политички терор на поразувани политичари веќе години наназад.

Катица Јанева - интервју за МТВ

Да не се простачиме, кратко и јасно: Цензура НЕ СМЕЕ да има. „Главен цензор“ не смее да биде никаков закон, туку само народот со своето далечинско - ќе ги гледа оние медиуми кои сака да ги гледа, односно ќе го гради своето мислење врз база на оние програми кои бира да ги гледа. Дали ќе го гледа Миленко или Топ тема или Јанко или 24 Анализа, вести на „Сител“ или „Телма“, „Нова“ или „24Вести“, е лично право на луѓето кои поседуваат уставно загарантирана слобода на информирање и размислување и неуставно гарантиран телевизор со далечински управувач. И толку. Но, така е во нормални средини. Овде во нашата ненорМакедонија во име на мирот во куќата и спокоен сон за странските амбасадори, се сложивме на милион лудила досега.

Но, лудило како лудило - нема особено долг рок на траење. Веќе по првиот извештај на овој франкештајнски медиумски регулатор и воведувач на цензурата, стана јасно дека опозицијата не само што добива сосема доволно време за да се промовира по телевизии (некаде со сила, некаде со мерак) туку и доминира над владеачката партија според времето на застапеност. Тоа е вистинската цензура, другарице и другови. Да натераш приватен медиум да посветува еднакво време на ВМРО како на СДСМ или на СДСМ колку што посветува на ВМРО - при што Фродем, позитивците и другите кусурчиња од партии - повторно никој нит ги е*бе нит се секира за нив, тоа е директно мешање во уредувачката политика на при-ва-тен медиум. Притоа, малите партии не постојат, не се луѓе и не заслужуваат еднаква шанса да се тркаат на избори со големите. Опозицијата не бараше од медиумите да мора да ги сакаат и малите партии - туку само нив. В ред? Да не се троши љубовта за џабе. Зборувај ми за борбата за медиумски слободи, и зборувај ми што погласно. Може ќе ме убедиш.

Туку, што ли ќе се случи, сигурно се запрашал некој, ако сите 10 извештаи се како првиот и покажат поголема застапеност на СДСМ во медиумите во споредба со ВМРО, а СДСМ пак си изгуби? Ништо особено. Ќе се праиме на будали. Истото што се случи кога сите прочистувања на избирачкиот список покажаа дека од половина милион помпезно најавувани, драматично изговарани и скандализирани фантомски причини за пораз на СДСМ на избори, на чИстиот избирачки список не остана ниту една. Ќе глумиме лудило и ќе смислиме нови изговори за поразите, повторно, како и секогаш досега. Најмал проблем.

Комисија_за_политички_системи_извештај_на_Катица_Јанева_и_Марко_Зврлевски__20_.jpg

Инаку, според извештаите, неколку телевизии од списокот на СДСМ со политички непријатели добија замерки од „мониторингот“ за одредени прилози кои ги емитувале во вестите, но биле прилози кои „немале вредна информација“ во себе туку биле „искористени за предизборно претставување на владеачката партија“. Така беше оценет прилогот за 100 нови вработувања и неповратни грантови за нови бизниси - како „вистинит, но маргинален настан“ кој според мониторингот не заслужувал место во вестите. Сфаќате ли колку е отидена работата? Дека на популарните водители не им се дозволува слобода да си ги отворат телефоните, темите и срцата, па да зборуваат со народот кој сака да ги гледа и слуша за она што сакаат да зборуваат? Туку мора да пазат бидејќи над сите демне најсубејктивниот цензорски меч на оние кои не сакаат да ги променат телевизиите, туку сакаат да го променат народот?

Енивеј. Да се вратиме на почетокот. Еден медиум опозицијата ослободи, нели? И на тој медиум се појави златната Катица Јанева, обвинителиус специјалис во Македонија. Да потсетиме, уредникот на информативната редакција во МТВ и координатор на интервјуто е назначен од СДСМ. Значи Катица како објективен обвинител оди на непартиска телевизија во медиум кој треба да е пример за новите смерници на цензор-мониторингот, односно СДСМ коооооонечно има прилика да покаже (извинете Телма, 24 вести) како се прават вести и интервјуа. Да блесне со сиот демократски сјај. Во ред ли е досега? Во ред. И тогаш, како зрак светлина во мракот, како крик на слободата контра цензурата, како молња среде ведро небо, како гол во 120-та минута, дојде финалето: интервјуто на катица Јанева кое пред очи на цела јавност одеше со нарачани прашања и напишани одговори кои обвинителката си ги држеше во рачињата. Ова беше видливо и без воопшто да излезе снимката од целото интервју, немонтирано. На снимката само се истакнуваат нешта кои ги знаевме и досега, некои нејзини ситни, а наши многу крупни проблеми во врска со потребите на специјалните луѓе од дефектолози и логопеди во тимот, што пак отвора башка дебата околу тоа дали е возможно драги Боже човек кој 6 напишани од него реченици не може да ги прочита течно, да „реновира“ еден цел „корумпиран систем“, како што ќе кажат пријателите од Бихаќа на Катица, кај кои таа оди на ексклузивно интервју?

Многу прашања, еден одговор. И сите го знаеме. Во мртвата трка на тоа кој имаше подобро интервју, најзадоволен е Заев - веќе не се зборува за неговите генијални реформаторски идеи со кои СДСМ ќе ја прави најголема албанска партија во Македонија. Сега сите зујат со хумор, срам и страв за тоа во чии раце се падна справувањето со многу сериозниот и одговорен дел од најголемата политичка криза во историјата на независна Македонија, после војната од 2001-ва.

И да повториме, бидејќи криминално брзо забораваме: интервјуто на Катица на ослободениот од СДСМ медиум МТВ, на кое се читаа (што не е лесно, океј?!) напишани одговори на нарачани прашања од страна на јавен обвинител кој ја користи секоја прилика да има политички настап и да осудува и излегува надвор од своите ингеренции - и оваа трагикомедија ја гледа цел народ - тоа е медиумската слобода која недостигаше и поради која НЕМАВМЕ ИЗБОРИ ВО АПРИЛ/ЈУНИ. А оној момент кога излезе немонтираниот материјал во јавноста во кој, па јасно како најбел ден, се потврдија сите сомнежи и околу грамотноста на Јанева и околу пишуријата од интервју кое ни ја сервираше ослободениот од СДСМ медиум МТВ, во тој момент од демократската канализација на површина излегоа сите оние гласноговорници на „слободата и демократијата“ и борци за јавниот интерес за кои било шокантно и скандалозно тоа што некој се дрзнал да ја обзнани на ачик фактичката ситуација дека спец.јав.обв. К.Јанева не може да си ги прочита напишаните одговори и не ги знае на памет делата кои ги работи.

А ИСТИТЕ трагикомични изговори за луѓе, отпушоци од карактер, кога нивниот политички херој на прес-конференција пушташе пропаганден материјал создаден по нелегален пат урлаа дека тоа е предмет на јавен интерес и јавноста има право да знае што Заев преслушал, селектирал и ни најавил пред да ни го пушти на прес. И сега оваа со нарачаните прашања од второто интервју ќе ги истражува материјалите кои o7; ги предаде овој од првото интервју, а притоа ќе се бранети медиумски и по социјални мрежи од луѓе кои би бранеле и сериски убиец на мали зајчиња, ако убиецот каже дека го мрази ВМРО.

Сфаќате ли сега зошто е исклучително шокантен разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли? Па сега кога не се веќе заедно, КОЈ ЌЕ НÈ ПОСВОИ НАС, жителите на овој Апсурдистан?




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани