Не се извини ама изрази сочуство - душичка. Бајден им изрази сочувство на семејствата на жртвите од НАТО бомбардирањата во Србија
  Објавено на
share

Американскиот потпретседател Џо Бајден денеска на заедничката прес-конференција со српскиот премиер Александар Вучиќ им изрази сочувство на сите семејства кои ги загубиле своите најблиски во НАТО бомбардирањата.

 

– САД и Србија, секако не се согласуваат околу сите прашања, има многу лузни и рани кои постојат уште од 90-те години, но се надевам дека ќе преземеме чекори и тоа ќе го направат други, нови генерации, а целиот регион ќе забележи економски раст, истакна Бајден.

Тој нагласи дека сите земји во регионот треба преземат чекори за решавање на работите кои се погрешно направени во минатото.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани